Португалските навивачи со прекрасна кореографија го поздравија Роналдо (ВИДЕО)

Португалија вечерва се соочи против Данска во Лигата на нации, а на трибините можеше да се забележи транспарент на кој беше испишана порака за Кристијано Роналдо.

Роналдо неодамна се повлече од селекцијата, па поради тоа навивачите го поздравија поранешниот репрезентативец со пораката „Ти благодариме, капитен“.

Исто така, фудбалерите на Португалија истрчаа на теренот со дресови со бројот седум.