УЕФА ги одреди судиите за мечот меѓу Македонија и Словенија

Македонската фудбалска репрезентација в понеделник ќе се соочи против Словенија во шестото коло од групната фаза во Лигата на нации, а Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги одреди судиите.

Правдата на натпреварот во Скопје ќе ја дели Сердар Ѓозубујук од Холандија, а негови помошници ќе бидат Патрик Инија и Рониер Хониг.

Како четврти судија е одреден Мартин Вос, додека во ВАР собата ќе бидат Денис Јохан Хиглер и Клеј Руперти, кои доаѓаат од Холандија.

Натпреварот се игра в понеделник од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Македонија е последна во групата без освоен бод, а пред нас се Шкотска со седум, Словенија со осум и Швајцарија со 13 поени.