Бразилска легенда жестоко го нападна Анчелоти: Собери си ги работите и замини!
Поранешниот голгетер не штедеше критики за италијанскиот стратег, нагласувајќи дека неговата голема тренерска репутација од клупскиот фудбал досега не се потврдила на клупата на бразилската репрезентација.
„Анчелоти, готово е! Собери си ги работите и замини! Никој не ја оспорува твојата историја. Ти си еден од најголемите тренери што ги видел светскиот фудбал, но тоа го докажа во клупскиот фудбал. Со репрезентацијата на Бразил досега не покажа дека си на тоа ниво. Доста е!“, порача Ромарио, пренесува „Газета дело Спорт“.
Тој смета дека Анчелоти не успеал да ја разбере специфичноста на работата со национален тим, ниту тежината што ја носи дресот на петкратниот светски шампион.