Се огласи мајката на Роналдо: Тешко ми е, плачев - не смееше да замине вака!
Авеиро раскажа дека разговарала со Кристијано откако тој одлучил да ја напушти португалската репрезентација.
„Се чувствувам тажно. Но, тоа е нормално. Мојот син требаше да замине на голема врата, а не вака, на мала. Но, добро, Господ ќе се погрижи за сè. Плачев, ги ослободив тие емоции. Мораме да го надминеме ова“, изјави мајката на Кристијано,.
„Ми вети дека ќе ми ја каже вистината кога ќе се сретнеме. Му реков да се смири и дека ја има мојата поддршка. Тој даде многу за Португалија и секогаш ќе биде херој на оваа репрезентација. Не го ценат доволно“, заклучила тажната мајка на Роналдо.
Како што е познато Роналдо го напушти кампот на репрезентацијата по конфликтот со селекторот Жорге Жесус.