Болидот на Гасли во пламен: Возачот избегна повреда (ВИДЕО)

Возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли имаше несреќа за време на слободниот трениг број 2 пред трката за Големата награда на Сингапур во рамки на Формула 1 шампионатот. 

Додека Французинот го паркериташе својот болид во гаражата, одеднаш се запали. Механичарите реагираа брзо со апаратот за гаснење пожар, но и Гасли експресно излета од болидот. 

Тој за среќа мина без повреди и засега не е јасно зашто се запали болидот.