Барселона ја губи трката во Формула 1, Мадрид ја - добива!

„Ел Мундо“ тврди дека е постигнат договор трката во Шпанија наместо во Барселона како што беше во изминатите повеќе од 30 години, да се вози во Мадрид. 

Оваа информација наводно треба да биде официјално објавена во наредните денови.

Трката за Големата награда на Кталуња која се вози во Барселона, ќе замине во историјата во 2026 година кога за првпат е предвидено да се вози во Мадрид.

Договорот со Мадрид е склучен на десет години, градот ќе инкасира 500 милиони евра годишно.

Формула 1 во календарот сака повеќе да се возат градски трки, каква што треба да биде во Мадрид, тие сакаат постепено да се намалува бројот на трки на специјално изградени патеки.