Бањаја ја освои Холандија, Квартараро не се прослави (ВИДЕО)

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја е победник на трката во Асен за Големата награда на Холандија.

Бањаја возеше без грешка од првиот до последниот круг, па така зад себе го остави Марко Безеки, додека третата позиција му припадна на Маверик Вињалес.

Неверојатниот Еспаргаро го освои четвртото место, откако во самиот финиш ги премина Милер и Биндер, додека Фабио Квартараро не се прослави и падна дури двапати.