Бањаја го урна рекордот на Маркез за пол-позиција во Арагон (ВИДЕО)

Франческо Бањаја ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Арагон и тоа откако го урна рекордот стар шест години. Од втора позиција ќе тргне Џек Милер, а трет на стартот ќе биде Фабио Квартараро.

Италијанецот имаше неверојатни квалификации и време од 1:46.32, со што го урна досегашниот рекорд на Марк Маркез, кој го постави пред шест години.