Бањаја ги издржа нападите на Квартараро за славје во Мизано (ВИДЕО)

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја триумфираше на трката за Големата награда на Сан Марино и така стигне до втората победа во Мото ГП шампионатот.

На патот до победата Бањаја водеше од стартот до целта, иако не славеше лесно затоа што во еден момент Фабио Квартараро почна да ја намалува разликата зад ривалот.

Возачот на Јамаха во последниот круг беше многу блиску, но во ниту еден момент не успеа да го премине Бањаја.

Бањаја беше подобар во трилер завршницата и го остави Квартараро од Јамаха на втората позиција, додека на третото место заврши Енеа Бастијанини.