Алпин не се откажува од Пијастри: Ќе одиме на суд!

Шпанскиот возач Фернандо Алонсо реши да го напушти тимот на Алпин и да потпише за Астон Мартин, па поради тоа раководството на екипата објави дека Оскар Пијастри ќе го менува поранешниот светски шампион, но младиот возач ги демантираше.

ФИА потврди дека Оскар има договор со Мекларен, но Отмар Шафнауер кажа дека не се откажува од младиот возач и најави битка на Суд.

„Имаме договор со Пијастри, кој е потпишан пред неколку месеци. Разговаравме со нашите адвокати и ни кажаа дека мора да се испочитува договорот, па така Оскар треба да вози еден од нашите болиди во 2023 година. Очекував повеќе почит од него. Во Ф1 сум од 1989 година и досега немам видено вакво нешто“, вели Шафнауер.