Алонсо преговара за враќање во Ф1

Првиот човек на Рено, Сирил Абитебул потврди дека екипата преговара со Фернандо Алонсо и постои опција тој да вози за нив следната сезона.

Рено е во преговори со многу добри возачи, кои би можеле да возат за Рено следната година, а Алонсо е една од опциите.

„Преговараме со многу добри возачи кои би можеле да возат за Рено следната година, но Алонсо е една од опциите. Но таа не е единствена. Тоа што можам да го кажам е дека треба да донесеме многу важна одлука“, соопштија од Рено.