Алонсо е подготвен за враќање во Ф1

Легендарниот шпански возач Фернандо Алонсо е подготвен да се врати во Формула 1 следната година.

Шпанецот на крајот на 2018 година се повлече од Ф1, но очигледно сега повторно сака да се врати. Алонсо е во контакт со Рено, но засега не е постигнат договор.

„Фернандо е мотивиран. Добро му дојде годината надвор од Ф1. Сега е подготвен да се врати“, кажа Флавио Бриаторе.

Засега во Рено има слободно место за 2021 година откако Даниел Рикардо потпиша договор со Мекларен, па постои реална шанса шпанскиот возач да се врати во „најбрзиот циркус“.