АФМ обвинува: Нема нови челници на федерацијата, Собранието е нелегално!

Продолжуваат превирањата во Автомобилистичката федерација на Македонија, кои траат со години. Од оваа организација денеска реагираат со соопштение до јавноста дека вонредното Собрание, што се одржало и на кое биле избрани нови челници на федерацијата, било нелегално. Според АФМ, го организирале клубови и физички лица кои воопшто не се членки на федерацијата.  Во продолжение во целост ви ја прикажуваме реакцијата на АФМ. 

Станува збор за апсолутно нелегално Собрание свикано од клубови и физички лица кои не се членови на АФМ !!! Некои од нив биле членови во минатото (до 2009 година), меѓутоа се исклучени поради неподмирување на своите статутарни обврски, односно неплаќање на чланарина, како и нарушување на угледот на АФМ.

  1. За истото е известен Централниот регистар на РМ, каде што е појаснето дека АФМ НЕМА одржано собрание, нема промена во раководните структури и дека секој обид за промена на регистрацијата на АФМ ќе биде криминална и противзаконита. Побарано е од Централниот регистар евентуалното барање да биде одбиено.
    Укажавме дека е тоа обид за формирање на паралелна федерација што е апсолутно спротивно на Законите на РМ.

 

  1. Особено сме изненадени од поддршката добиена од Агенцијата за млади и спорт !!! Ако некој ги знае и треба да ги почитува законите, тоа е АМС. Несфатливи ни се причините зошто Агенцијата наместо подршка на Федерацијата, подржува и потикнува организирање и формирање на паралелен орган на федерацијата.
    Изненадува што Градоначалникот на Центар и АМС даваа поддршка на истата група на луѓе и клубови кои се појавија како организатори на катастрофалниот кружен натпревар во Скопје, за кој сите знаеме како заврши. Заврши со тешко повредени лица, беше под секое техничко и безбедносно ниво на организација, нешто на кое што од АФМ беше укажано десетина дена пред одржувањето, но ниту АМС, ниту МВР и СВР Скопје не го прифатија сериозно. Наместо да сносат КРИВИЧНА одговорност, дел од организаторите дури се назначени на раководни места на таа квази организација !!!

Се надеваме дека во иднина подршката ќе ја добие АФМ, како единствено и највисоко спортско тело за автомобилизмот во РМ.