За ова црн картон е малку: Крвнички старт на Србинот Павков над Сане! (ВИДЕО)

На пријателскиот меч Германија - Србија (1-1), при крајот можеше да се случи вистинска трагедија откако Србинот Павков во последните моменти на мечит крвнички стартуваше над Лирој Сане по што веднаш доби црвен картон.

Стадионот остана во неверување од овој фаул, но за среќа, Сане стана и веројатно нема да има поголеми последици. Стартот кој можеше да значи и крај за неговата кариера не е прв ваков над него сезонава - на дуелот со Астон Вила истото му го направи Ли Мејсон.