Враќањето на Алонсо на Енфилд не помина најдобро за него, си замина со - четири „парчиња“
Алонсо беше одлично пречекан од навивачите на Ливерпул, доби овации, се скандираше и неговото име, но црвените на теренот беа немилосрдни.
Ливерпул го доби мечот со 4-0, тоа беше тешка вечер за Алонсо и Леверкузен.
„Навистина сум среќен и благодарен за приемот“, вели Чаби Алонсо.
„Што се однесува до натпреварот, поразот е тежок, полош е резултатот отколку играта“.