Гигантите тропаат на вратата на Олмо, тој ја чека Барселона!

Барселона не успеа да го регистрира Дани Олмо за вториот дел од сезоната, тој е слободен играч и може бесплатно да замине, но засега одбива да го направи тоа.

Желбата на Дани Олмо е да продолжи да игра за Барселона и поради тоа го чека каталонскиот клуб да создаде услови за да го регистрира.

Од друга страна пак гиганти од Англија, Италија и Германија будно ја следат ситуацијата и се подготвени да реагираат.

Но, засега Олмо одбива да преговара со други клубови, не размислува за заминување од Барселона. Сепак тоа неминовно ќе се промени ако Каталонците не најдат решение за да го регистрираат.