Викингур го совлада Борац: Николов и Шишковски се враќаат со пораз од Исланд

Борац Бања Лука загуби на гостувањето кај Викингур во третото коло од Конференциската лига (0-2).

Викингур ги постигна двата гола до 23. минута од мечот, откако стрелаа Хансен и Гунарсон, додека Борац не успеа да одговори во продолжение од средбата.

Македонскиот интернационалец Бобан Николов одигра 68 минути на теренот, додека Дамјан Шишковски остана на клупата за резерви.

Босанскиот тим по три одиграни кола е на 12. место со четири освоени бодови.