Видал со два збора го налути цел стадион во Неапол (ВИДЕО)

Артуро Видал во финишот од мечот меѓу Наполи и Барселона (1-1) заработи исклучување и поради тоа ќе го пропушти реваншот во осминафиналето на Лигата на шампиони.

Видал се изнервира во последните минути од дуелот, а по излегувањето од теренот почна да го провоцира цел стадион со тоа што извика „Форца Јуве“.