„Вида е толку грд што не му даваат да игра во овој термин зашто ги плаши децата“ (ВИДЕО)

Хрватскиот фудбалер Домагој Вида настапи во мечот за Бешикташ против Ајакс (1-2), но дуелот ќе остане запаметен по грозните навреди од страна на холанѓански коментатор.

Коментаторот го нападна Вида со грозни зборови пред почетокот на натпреварот од Лигата на шампиони (ЛШ).

„Вида е толку грд што не му даваат да игра во овој термин зашто децата гледаат ТВ и се плашат. Бешикташ поради тоа мораше да бара посебна дозвола за да може да заигра вечерва“, кажа коментаторот.