Венгер ги понижи Јунајтед и Тотнем: Не заслужувате место во Лигата на шампионите!

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, остро ги критикуваше Манчестер Јунајтед и Тотенхем, оценувајќи дека не заслужуваат учество во Лигата на шампионите следната сезона, поради катастрофалната форма во Премиер лигата.

Двата клуба се во игра за трофеј во Лигата на Европа, со оглед што имаат големи шанси да се најдат во финалето од ова натпреварување. Јунајтед во првиот полуфинален меч со Атлетик Билбао како гостин победи со 3-0, додека Тотнем на домашен терен беше убедлив со Бодо Глимт (3-1). Освојувањето на ова натпреварување им гарантира директен пласман во Лигата на шампионите – сценарио што францускиот стратег го смета за неправедно и понижувачко за останатите учесници.

„Не би било фер. Клубови со вакви резултати не треба да се натпреваруваат во најелитното европско натпреварување. Веќе има пет англиски клуба таму, а со ова би било шест. УЕФА мора да размисли како дозволува вакво нешто“, изјави Венгер.

Манчестер Јунајтед, кој важи за најтрофеен клуб во англискиот фудбал, моментно се наоѓа на поразителното 15-то место на табелата, со дури 16 порази во 35 натпревари – најлош учинок во последните три децении. Слична е ситуацијата и со Тотенхем, кој се наоѓа едно место подолу.

ФОТО: EPA PHOTO