Синер и Алкараз се избегнаа до финалето во Рим

Двајцата најдобри тенисери од младата генерација Јаник Синер и Карлос Алкараз не можат да се сретнат еден против друг до финалето на Мастерсот во Рим кој почнува утре.

Синер, како лидер на АТП листата, е прв носител на турнирот и на својата страна од ждрепката како најтепки ривали ги има Руд со кого може да е сретне во четвртфиналето и Фриц и Де Минор во полуфиналето. На другата страна, како втор носител е Александер Зверев и тој бу можел потенцијално да се сретне со Карлос Алкараз во полуфиналето, но таму се и Медведев и Дрејпер кој игра одлично сезонава.

Како што е познато, Новак Ѓоковиќ го откажа своето учество на Мастерсот во Рим и нема да се бори за својот седми пехар во италијанската престолнина.