Анчелоти го напушта Реал Мадрид по „Ел Класико“!?

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти долго време се поврзува со заминување од кормилото на Реал Мадрид, а најновите информации на новинарот Фабрицио Романо се дека стратегот ќе замине по „Ел Класико“.

„Кралевите“ сè уште се во игра за титулата во Ла Лига, односно имаат четири бодови помалку од Барселона против која играат на 11 мај, по што ќе бидат јасни многу работи.

Романо објави дека Анчелоти би можел да го напушти шпанскиот гигант по „Ел Класико“, и тоа најверојатно се мисли доколку „кралевите“ загубат во дербито, по што Барселона би ја освоила титулата.

Како следна дестинација во кариерата на Анчелоти повторно се споменува Бразил, со кој веќе преговара некое време.