Евролигата удри жестоко по џебот на газдата на Панатинаикос

Газдата на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос е познат по неговите скандалозни изјави, а овој пат Евролигата не му прости и го казни со 100.000 евра.

Првиот човек на грчкиот клуб објави видео на социјалните мрежи во кое повторно не штедеше зборови против Евролигата, а притоа најави дека Панатинаикос би можел да го напушти натпреварувањето.

Оваа казна доаѓа пред дуелот меѓу Панатинаикос и Анадолу Ефес, кој е закажан во вторник од 20.45 часот во Атина.