
Познато е колку ќе заработува Александер-Арнолд во Реал
Добро упатениот Фабрицио Романо тврди дека договорот ќе биде потпишан на пет години, а фановите најмногу ги интересира платата што ќе ја заработува искусниот бек. Се наведува дека таа ќе изнесува 15 милиони евра бруто по сезона, не сметајќи ги бонусите што е значајно повеќе од досегашните 10,9 милиони кои ги заработува во Ливерпул.
Интересно е тоа што неговиот сонародник Џуд Белингам кој пред две години дојде во Реал, добива од 25 милиони евра по сезона, но 20,8 милиони се плата, а 4,2 милионни се бонуси.