
Македонски кошаркар за само една тројка во Дубаи заработи – 5.500 долари (ВИДЕО)
Тоа не беше на некој официјален меч, туку во улога на гледач на полувремето од натпреварот од АБА лигата помеѓу Дубаи и Будуќност. Тој доби шанса да шутира за три поени за награда од 20.000 дирхами (валута во Обединетите Арапски Емирати), а неговиот погодок од прва значеше заработка од околу 5.500 долари во „наши пари“. Тој тоа го направи во дрес на ЛА Лејкерс и во влечки, а можноста ја доби за време на туристичкото патување во Дубаи.
Бакоч (29 години) сезонава ја мина во таборот на третолигашот Овче Поле, а има играно уште и за Фени индустри (сегашен Тиквеш), АВ Охрид и за Академија ФМП.