Алкалоид во „Борис Трајковски“ ќе се бори за европскиот трофеј!

Реваншот од финалната пресметка во Европскиот куп на ЕХФ меѓу Алкалоид и АЕК ќе се одигра во салата „Борис Трајковски“.

РК Алкалоид досегашните европски натпревари ги играше во својата сала во Автокоманда, но клубот одлучи финалниот меч да го одигра на терен кој ќе собере многу повеќе публика, во СЦ „Борис Трајковски“.

Тоа ќе биде реванш натпреварот на кој ќе биде одлучен шампионот. Дуелот се игра на 25 мај, со почеток од 20:30 часот.

Првиот дуел меѓу АЕК и Алкалоид се игра седум дена претходно во Атина. Терминот е 18 мај со почеток од 18 часот.