Среќниот Кејн им се обрати на фановите на Баерн: Ајде да славиме, па да тргнеме по нова титула!

Хари Кејн е еден од најдобрите напаѓачи во светот, според многумина и најдобриот, но дури сега со Баерн го освои својот прв трофеј.

Кејн во првата сезона како фудбалер на Баерн не успеа да освои ништо и покрај одличната индивидуална статистика. Но, дојде денот и тој да се израдува на трофеј.

„Здраво на сите. Ние сме шампиони! Се чувствувам неверојатно и сакам да ви се заблагодарам на сите за вашата поддршка и дома и гости оваа сезона, ова немаше да биде можно без вас. Екстремно сум горд на мојата прва титула тука во Баерн, ајде да уживаме во наредните недели, па потоа да одиме на следна“, рече Кејн.