Велковски остана на клупа, Риека ремизираше против Хибернијан

Риека одигра 1-1 против Хибернијан во квалификациите за Конференциската лига, додека македонскиот репрезентативец Дарко Велковски не доби шанса на натпреварот.

Двата гола на натпреварот беа постигнати во рок од шест минути во второто полувреме. Најпрво поведе хрватската екипа преку Ампем во 61. минута, по што Бојл ги постави конечните 1-1.

Реваншот меѓу овие екипи се игра за една недела во Хрватска.

Резултати:

Рапид Виена – Анортозис 3-0
Гент – РФС 2-2
ТНС – Плзен 4-2
Фереира – Ларне 4-0
Колос – Шахтер 0-0
Трнава – Макаби Тел Авив 0-0
Галатасарај – Сент Џеонсон 1-1
Трабзонспор – Молде 3-3
Мура – Жалгирис 0-0