Утка на денот во Валенсија: Фудбал се игра за топката да влезе во мрежата, а не играчот (ВИДЕО)

Норвешкиот репрезентативец Тарик Елјунуси ја изнасмеа цела европска јавност вечерва на мечот во Валенсија против бившиот европски и светски првак Шпанија, откако ја имаше утката на денот.

При 1-0 за Шпанија по половина час игра, Норвешка имаше зицер и Елјунуси требаше само рутински да ја смести топката во мрежата. Ама, наместо топката, во голот заврши фудбалерот, а топката отиде на друга страна.