
УЕФА поради Лион го исфрли Кристал Палас од Лига Европа, а ќе профитира друг премиерлигаш
Кристал Палас оваа година успеа да го освои ФА Купот и тоа со победа против Манчестер сити во финалето, но сега УЕФА потврди дека Палас и француски Лион го прекршиле споменатото правило и англискиот клуб ќе оди во третото по ранг европско натпреварување.
Имено, двата клуб се во сопственост на бизнимсенот Џон Текстор и неговата групација, а според правилата на УЕФА два клуба со ист сопственик немаат право да играат во исто европско натпреварување. Лион доби предност затоа што со шестата позиција во првенството е подобро рангиран од Палас кој во Премиер лигата беше 12-ти.
Кристал Палас има и право на жалба до судот за спортска арбитража и тоа право ќе го искористи, но мали се шансите нешто да се промени. Нивната одбрана се темели на тоаш то Текстор има само 25% од акциите и така нема доминантна позиција во одлуките кои се носат во клубот.
Фото: Crystal Palace Football Club/X