Луј Ван Гал ја доби најтешката битка, го победи ракот!

Легендарниот тренер Луј Ван Гал откри нови детали од борбата со ракот и напредокот кој го постигнал за време на лекувањето.

Во разговор за телевизиската емисија „Хумберто“, Ван Гал потврди дека ја победил болеста и се чувствува силно и здраво.

„Пред две години бев на неколку операции и состојбата беше ужасна. Повеќе немам проблеми со ракот, но и понатаму одам на контроли на три месеци“, кажа Ван Гал.

Ван Гал призна дека најтешко му било кога морал да се појави во јавност додека ја поминувал најтешката фаза од болеста.

„Не чувствував болка, страшно беше тоа што носев пелени. Имав многу јавни настапи и затоа носев темна облека“, открива тренерот.

Фото: EPA PHOTO