Венус Вилијамс по пауза од 16 месеци се враќа на терените

Легендарната американска тенисерка Венус Вилијамс прифати вајлд-карта за учество на турнир во Вашингтон, и тоа ќе биде нејзин прв настап по повеќе од 16 месеци.

Вилијамс во моментов не е активна на терените бидејќи последен пат играше во Мајами во март 2024 година, меѓутоа тенисерката реши дека е време за враќање на теренот.

„Постои нешто посебно во Вашингтон. Енергија, навивачи, историја. Овој град секогаш ми даваше голема љубов и едвај чекам да заиграм тука“, кажа Вилијамс.

Американката во текот на кариерата успеа да освои седум гренслем-титули.

Фото: EPA PHOTO