Синер постави неверојатен рекорд против Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Јаник Синер во три сетови славеше против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон и така се запиша во историјата.

Синер успеа да стигне до успех, каков што не им успеал на Рафаел Надал и Роџер Федерер во дуелите против Ѓоковиќ.

Првиот тенисер во светот стана првиот кој освоил девет сетови по ред против Ѓоковиќ, со што го надмина претходниот рекорд на Федерер.

Федерер претходно успеа да освои осум сетови по ред против Ѓоковиќ во период меѓу турнирите во Монте Карло во 2006 и Дубаи во 2007 година.

Фото: EPA PHOTO