УЕФА отвори случај против Серхио Рамос: Му се заканува суспензија од два меча

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос по натпреварот со Ајакс во Лигата на шампионите и победата од 2-1 во Амстердам јавно призна дека намерно го добил жолтиот картон. 

Бидејќи веќе имал еден жолт картон, Шпанецот со овој сакал да ги „исчисти“ картоните, да биде суспендиран за ренвашот, а за потенцијалната пресметка во четвртфиналето без санкции. Тој сметал дека на реваншот во Мадрид, Ајакс нема шанса да направи изненадување и без него во составот. 

Иако подоцна тој ретерираше, сепак овие информации не останаа незабележани од УЕФА. Куќата на фудбалот веднаш започна истрага, па доколку утврди дека Рамос намерно добил жолт картон за да го прескокне реваншот, може да добие санкција од дополнителни два натпревари суспензија.

Ако се погледне фаулот над Каспер Долберг во 89-тата минута од дуелот на „Јохан Кројф“ арената тогаш е јасно дека Рамос намерно го фаулираше за да добие картон, бидејќи беше тотоално неопасна ситуација по голот на Реал Мадрид.