УЕФА отвори истрага: Србите бараат казна за новинарот кој „леташе орли“ (ВИДЕО)

Косовскиот новинар Арлинд Садику ги провоцираше српските навивачи на дуелот меѓу Србија и Англија на Европското првенство (ЕП) во фудбал, а Европската куќа на фудбалот (УЕФА) реши да отвори истрага.

Србите побараа казна за новинарот кој „леташе орли“ пред илјадници навивачи на трибините, а Фудбалскиот сојуз на Србија побара да му се одземе акредитацијата на Садику.

УЕФА отвори истрага со која треба да се утврдат сите факти околу инцидентот, по што ќе биде познато дали на новинарот ќе му биде изречена казна.