УЕФА не дозволува да се одложи мечот Интер-Лудогорец: Ќе се игра пред празни трибини!

Голема паника предизвика коронавирусот во Италија, поради што беа одложени голем број натпревари во Серија А.

Премиерот на земјата, Џузепе Конте, потврди дека повеќето мечеви веројатно ќе бидат одложени и следниот викенд.

Исто така, беше доведен во прашање и натпреварот во Лигата на Европа, меѓу Интер и Лудогорец. Реванш натпреварот од 1/16 финалето треба да се одигра во четврток, а се зборуваше дека мечот дури може да биде и одложен.

Но, италијанските медиуми пренесуваат дека УЕФА објавила дека овој натпревар мора да се одигра, а скоро сигурно ќе биде на празни трибини на стадионот „Џузепе Меаца“.

Интер славеше со 2-0 во првиот натпревар и веќе е на чекор до пласман во осминафиналето во Лигата на Европа.