УЕФА дури за една недела ќе му пресуди на Роналдо
Роналдо имаше неславно деби за Јувентус во ЛШ, напуштајќи го пред време натпреварот кај Валенсија поради директен црвен картон. Правилникот вели дека го чека суспензија од еден до три меча, а одлуката е на Дисциплинската и етичка комисија при УЕФА, која ќе се состане на 27 септември.
Ако констатираат дека во неговата реакција имало насилство и намера, тогаш не му бегаат два или три меча суспензија. Јувентус од тоа се плаши, затоа што еден ќе помине безболно. Тоа ќе значи дека го пропушта само мечот со Јанг Бојс, во следното коло на домашен терен, но со два веќе го пропушта важното гостување кај Манчестер јунајтед, неговиот поранешен клуб.
Дури и ако Јувентус се жали, таа жалба би била разгледана по 23 октомври, кога е мечот со Јунајтед, пишува „Тутоспорт“.