Роналдо доби црвен картон, па едвај се воздржа да не - заплаче! (ВИДЕО)

Катастрофален почеток на натпреварот за Јувентус против Валенсија на „Месталја“, откако Кристијано Роналдо доби директен црвен картон во 30. минута од дуелот.

Португалецот поради неспортско однесување и инцидент со противнички играч си доби најстрога казна, а тоа за малку не го расплака.

Инаку, судија на натпреварот е Феликс Брих, кој ја оштети Србија на Мундијалот во дуелот против Швајцарија и арбитар кој Србите ќе го паметат како главен виновник за раното збогување на српската репрезентација со Светското првенство во Русија.