УЕФА ќе го казни ФСС поради транспарент „Косово е Србија“ (ФОТО)

Европската фудбалска унија (УЕФА) почна истрага против Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) поради транспарент „Косово е Србија“, па би можеле да добијат казна од еден меч играње без публика.

Со оглед на тоа дека транспарентот им пречел на претставниците на УЕФА, сега постои реална можност Србите да останат без поддршка во баражот за Европското првество (ЕП), зависи од ждрепката.

Ако на ждрепката во петок биде решено Србија да биде домаќин на финалето на плејофот за пласман на Евро 2020 и ако се пласира на него, тогаш тој меч би можел да биде одигран без публика.

Да потсетиме, Србија претходно на 26 март во полуфиналето ќе гостува кај Норвешка.