УЕФА има две опции како да се заврши сезоната

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) разгледува две опции околу завршувањето на домашните првенства се со цел да се припази терминот на одигрување на Европското првенство во фудбал, кое е презакажано за наредната година.

Имено, првата опција е да се завршат сите лиги, а потоа да се играат натпреварите во Лигата на шампионите и во Лигата на Еворпа. Но, многу луѓе не мислат дека ова е вистинската опција.

Што се однесува до втората опција, која е многу поверојатна, е тоа и двете натпреварувања (домашни и европски) да се играат истовремено. Но, интересно, УЕФА размислува да ја заврши сезоната дури на 30 август.

Во сето ова, летниот рок би траел, а играчите би одмарале во септември. Новата сезона според таа опција ќе започне на почетокот на октомври и нема да има зимски рок. Но, сè уште е рано да се зборува за сето ова, бидејќи сè уште нема индикации кога може да продолжи сезонава.