УЕФА го одложи вечерашниот меч од ЛШ поради коронавирусот!

На два часа пред почетокот на натпреварот, УЕФА го одложи мечот меѓу Дрита од Косово и Линфилд во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).

Дрита и тимот од Северна Ирска требаше да се пресметаат во швајцарскио Нион, но поради нов случај на коронавирус кај косовскиот тим, дуелот мораше да биде одложен.

„По одлуката која швајцарските здравствени власти ја донесоа во соработка со УЕФА цел тим на Дрита да се стави во карантин, мечот против Линфилд не може да се одигра. Беше откриен и втор фудбалер од косовската екипа кој е позитивен на ковид-19“, порачаа од УЕФА.