УЕФА го лажирала вториот гол на Роналдо против Атлетико?! (ВИДЕО)

Јувентус успеа да победи со 3-0 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампиони и така да го елиминира Атлетико Мадрид, а херој на мечот беше Кристијано Роналдо, кој постигна хет-трик, но на Твитер се појави скандалозно тврдење дека Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го лажирала вториот погодок на Португалецот.

Гол-технологијата и ВАР-системот му помагаат на фудбалот колку што можат, но еден навивач на шпанскиот тим е убеден дека постои теорија на заговор за вториот гол на Роналдо во мечот.

Еден корисник на социјалните мрежи објави видео со објаснување на целата ситуација, па вели дека гол-системот намерно избришал дел од линијата и топката ја направил помала, па затоа се создал впечаток дека тоа е гол, а всушност не било.

Сепак, вреди да го погледнете видеото и да процените самите дали станува збор за некаква си теорија на заговор или тоа е чист гол.