УЕФА го казни Фенербахче поради скандирањето „Путин, Путин“ (ВИДЕО)

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го казни новиот тим на Езгјан Алиоски, Фенербахче со 50.000 евра затоа што навивачите го скандираа името на рускиот претседател Владимир Путин.

Навивачите на Фенербахче против Динамо Киев во второто коло од квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ) почнаа со скандирање „Путин, Путин“ по провокациите од украинските фудбалери.

Покрај паричната казна, турскиот гигант ќе мора да го намали капацитетот за 5.000 места на некој од следните дуели во натпреварувањата на УЕФА.