
Тренерот на Бриж пред секој натпревар разговара со неговата мртва мајка!
Клуб Бриж ја победи Аталанта со 2-1 во првиот плеј-оф натпревар од Лигата на шампионите, па вечерва во Бергамо со предност ќе излезе на теренот.
Најчудниот дел од прес-конференцијата на Ники Хејен пред денешниот меч, беше неговото признание дека разговара со мртвата мајка.
„Пред секој меч разговарам со мајка ми која прерано почина пред четири години. Минатата година пред плејофот во лигата и кажав дека сакам да направам нешто лудо, на крајот ја освоивме титулата“, вели Хејн.
„Дали сум религиозен? Па не, но чувствувам дека тоа е нешто што ме радува. Морам да верувам во нешто, да верувам дека нешто постои“.