Тетовци големи среќлии – им се падна најлесниот можен противник во ЛШ!

Македонскиот шампион Шкендија ќе се соочи со естонски Номе Калју во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, реши денеска ждрепката за новата сезона во најсилното европско натпреварување во Нион.

На тетовци денеска им се падна најлесниот можен противник од можните пет во групата за ждрепката, па естонскиот првак беше и најпосакуван противник за нив и сега Шкендија е огромен фаворит за да ја мине првата рунда во овие квалификации.

Шкендија успеа во првото коло да ги избегне романски Клуж и унгарски Ференцварот на Стефан Спировски, но во второто коло како неносител ќе добие далеку потежок првак од естонскиот првак.

Првите мечеви се на програмата на 9 и 10 јули, а реваншите на 16 и 17 јули и според ждрепката, Шкендија прво ќе гостува на Балтикот, а потоа ќе игра дома.