
Терзиќ: Реал Мадрид не заслужи да нѐ победи – одигравме сјајно!
Тренерот на „милионерите“, Един Терзиќ, потенцира дека е горд на тимот и истакна дека заслужиле многу повеќе во битката за европската круна.
„Одигравме одлично и заслуживме повеќе од пораз. Игравме против најсилниот тим во ова натпреварување, но не се исплашивме. Му покажавме на целиот свет дека дојдовме да победиме. Направивме многу добри работи. Бевме блиски, ни недостасуваа само ситници“, изјави Терзиќ.
Реал поведе во 74. минута со голот на Дани Карвахал, а победата на мадридскиот клуб му ја обезбеди Винисиус Жуниор во 83. минута.
„Донесовме 100.000 луѓе од Дортмунд во Лондон и сите веруваа дека можеме да победиме. Ова беше фантастично патување, но и јас се чувствувам празно бидејќи имавме одлична можност, но не ја искористивме. Ова беше последниот натпревар во сезоната, беше многу емотивно во соблекувалната. „Навистина одигравме добар натпревар, тоа е позитивното нешто што треба да го паметиме“, дополни тренерот на клубот од Дортмунд.
Борусија имаше еден зицер во првото полувреме и уште неколку одлични шанси, но прими гол по корнер и потоа буквално се распадна.