Тадиќ не се појави на тренинг, Пикси го отпишал капитенот?

Фудбалската репрезентација на Србија загуби од Англија со 0-1 во првиот меч на Европското првенство (ЕП), а по средбата се скараа капитенот Душан Тадиќ и селекторот Драган Стојковиќ - Пикси.

Тадиќ кажа дека бил подготвен и сакал да го почне натпреварот, но Пикси смета дека неговата одлука треба да се почитува затоа што станува збор само за тактика која ја применил за Англичаните.

Српските медиуми пишуваат дека хаосот во соблекувалната сè уште не се смирува, а Пикси наводно го отпишал Тадиќ од ЕП и тоа го покажува денешниот тренинг на кој не е присутен капитенот.