Судиски аналитичар тврди: Србите оштетени за пенал во поразот од Англија (ВИДЕО)

Селекцијата на Србија со пораз од Англија (0-1) го почна настапот на Европското првенство (ЕП) во Германија, во меч во кој „орлите“ одиграа одлично против фаворитот и во кој, според многумина, беа оштетени за пенал.

Станува збор за ситуацијата кога Александар Митровиќ се најде во петерецот на Англија, но беше турнат одзади од Киеран Трипие пред да може да го совлада Џордан Пикфорд. Според судискиот стручњак, Рака Ѓуровиќ, италијанскиот судија Даниеле Орсато имал причина да досуди пенал за Србија. Во случај на фаули направени во ваква ситуација не е важен интензитетот, туку само сопнувањето на фудбалерот, кој е во идеална ситуација, што беше случајот со Митровиќ пред англискиот гол (види ТУКА).

„Можеше да досуди пенал против Митровиќ, кој беше сопнат па интензитетот не е важен. Ме чуди што немаше реакција од ВАР собата“, напиша на својот профил судискиот аналитичар.

Недосудениот пенал над Митровиќ ги потсети српските навивачи на болната средба против Швајцарија на Светското првенство во Русија во 2018 година. Тогаш германскиот судија Феликс Брих ја пропушти можноста да досуди удар од белата точка за „орлите“, иако беше очигледно дека корпулентниот напаѓач е во сендвич, а еден од дефанзивците го држеше околу половината и го туркаше надолу.