Струга ги дозна сите можни противници за квалификациите во ЛШ!

Изминатиов викенд се комплетираа првенствата во Европа, а со тоа се дознаа и сите можни противници на Струга во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

30 екипи ќе настап во првото коло од квалификациите во ЛШ, а македонскиот шампион ќе биде дел од групата на неносители.

Меѓу можните ривали на Струга има неколку одлични тимови кои би било добро да се избегнат, екипи како Ференцварош, Слован Братислава, Лудогорец, ФЦСБ (Стеауа Букурешт)...

Можни противници на Струга:
Ференцварош (Унгарија)
Карабах (Азербејџан)
Слован Братислава (Словачка)
Лудогорец (Бугарија)
ХЈК (Финска)
Флора Талин (Естонија)
ФЦСБ (Романија)
КИ Клаксвик (Фарски Острови)
Шамрок Роверс (Ирска)
Линколн Ред Импс (Гибралтар)
ТНС (Велс)
Пјуник (Ерменија)
РФС Рига (Летонија)
Петрокуб (Молдавија)
Балкани (Косово)