
Србија се разбуди во второто полувреме и победи за опстанок во А-дивизијата! (ВИДЕО)
Австрија беше подобра репрезентација во првото полувреме и домашните фудбалери во првите 45 минути не испратија ниту еден удар во рмаките од голот на противникот.
Во вториот дел Србија заигра подобро и создаде неколку прилики, а со таквата игра дојде до предност со голот по грешката на голманот Шлагер во 56. минута која ја искористи Максимовиќ. Аввстријците во 68. минута остнааа и со играч помалку по исклучувањето на Траунер.
Конечните 2-0 во завршницата ги постави Душан Влаховиќ во 91. минута.
Место во А-дивизијата обезбеди и Грција која по поразот од 1-0 од Шкотска на домашен терен денеска на гости славеше победа со 0-3. Стрелци за грчката репрезентација беа Констателас, Кератас и Золс. Турција опстанокот го најави уште во првиот натпревар со Унгарија кога победи со 3-1, а денеска само ја потврди победата во двомечот со уште еден триумф 0-3.
Косово пак успеа да се избори за пласман во Б-дивизијата откако по победата од 2-1 дома го победи Исланд и на гости со 3-1.